Фонда со наградата ја тресна режисерката Трие по глава, за некои скандал, за некои шега на врачувањето на „Златната палма“

1749

Познатата актерка Џејн Фонда (86 години) привлече особено внимание на доделувањето на наградите на годинашниот Кански филмски фестивал со една недолична реакција, која за некои претставува скандал, а за некои добра шега.

Всушност, откако ѝ ја врачи на француската режисерка Жистин Трие „Златната палма“ за филмот „Анатомија на еден пад“ (Anatomy d’une chute), Фонда замавна кон неа со сертификатот од наградата и ја погоди в глава.

Ова се случи бидејќи режисерката го заборави сертификатот од наградата на пултот, па откако не успеа да ја врати, Фонда ѝ го фрли в глава додека таа се оддалечуваше, одејќи да се поздрави со претставниците на жирито сместени на дел од сцената.

Режисерката изгледаше како ништо да не се случува, па Фонда дури потрча кон неа, претходно гестикулирајќи ѝ на публиката во знакот: „Еј, што се случува, зошто не ја зема наградата?“ Овој клип брзо стана вирален на социјалните мрежи и во медиумите.

Фото: EPA-EFE

Инаку, филмот „Анатомија на еден пад“ на Трие ја освои „Златната палма“ за најдобар филм на 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан. Ова е напната судска драма за писателка обвинета за убиство на својот сопруг. Двојката има слепо момче, кое наводно било надвор од куќата во моментот на убиството. Драмата не се фокусира премногу на решавање на злосторството, туку се занимава со границата помеѓу фикцијата и реалноста и распадот на бракот. Филмот ја доби главната награда во конкуренција на 21 остварување. Жистин Трие (44) е третата наградена режисерка во историјата на Канскиот фестивал, а пред неа беа Џејн Кемпион за филмот „Лекција по пијано“ (1993) и Жилија Дикурно во 2021 година за филмот „Титан“.