Фолк-дивата Виолета Томовска добитничка на Државната награда “Св. Климент Охридски“

136

Заслужено!!! Македонската фолк-дива, која на естрадата успешно опстојува преку 50 години, Виолета Томовска е добитничка на највисоката државна награда „Св. Климент Охридски“ во областа на културата и уметноста. Виолета испеала многу песни кои со текот на времето не само што станале вистински народни, тие се и светски популарни. Како на пример фолк-евергринот “Македонско девојче“, песна која е испеана на преку дваесетина други јазици, а само Виолета е таа која ја пее оригиналната верзија.
Песната е напишана од легендарниот Јонче Христовски, сосема случајно. На една роденденска седенка кај Виолета, на Јонче спонтано му дошле зборовите од песната преку кои впрочем ѝ се обратил на ќерката на Виолета. Поубав подарок, тогаш малата на Виолета не можела да добие, а песната “Македонско девојче“ остана да се слуша и до ден-денес, да се пренесува од генерација на генерација како вреден македонски производ закитен со сите светски признанија. Наградата “Св. Климент Охридски“ на дивата Виолета ќе ѝ биде врачена на 8 декември во свечената сала на Македонското собрание. Д.М.