Фолкерката бара друштво….Елена Велевска од Белград кани на овошен десерт

758

Македонската фолкерка Елена Велевска е во Белград, и ако не кажува по кој повод. Но затоа пријателски повикува на вкусен овошен десерт. Опуштена, не нашминкана. И тоа не од било кое место, туку од гламурозниот и скапоцениот белградски хотел “Москва“ кој се наоѓа во строгиот центар на српската престолнина (пред улицата “Кнез Михајлова), а во кој често доаѓаат голем број домашни српски, но и многу повеќе странски ѕвезди од музиката, политиката, спортот, глумата, медиумите…

Токму тука во “Москва“ се најде и нашата сексапилна Елена, која со десертот (преку ФБ) посака (машко) друштво. А, за друштво ѝ се јави од далечната Австралија и познатиот фолкер, нејзиниот колега Јошка кој од пред некое време живее таму. Елена ништо не му одговорила или не го видела сè уште коментарот на “срамежливиот“ Јошка. Замислете, да беа заедно во друштвото. И тој шегобиец и таа. Би била вистинска фешта, таман погодена за папараците.  Дуле М.