Поранешната боксерска ѕвезда Флојд Мејведер (45) се согласи да учествува во егзибициска борба во октагон против јапонскиот борец на мешани боречки вештини (ММА) Микуру Асакура, оваа година во Јапонија.

Непоразениот Американец, кој беше примен во Меѓународната боксерска куќа на славните во неделата, се пензионираше во 2015 година, но се врати да го победи Конор Мекгрегор во 2017 година и го постави својот професионален рекорд од 50:0.

Ова ќе биде втор егзибициски ММА меч на Мејведер во Јапонија, по неговата победа со технички нокаут во првата рунда над кикбоксерот Теншин Насукава во 2018 година.

-Ќе се однесуваме убаво со него, нека има три рунди и нека се обиде да ми даде барем еден удар, рече во негов стил Мејведер, еден од најбогатите спортисти во светот.