Флојд Мејведер има ново маче

168

Контроверзниот американски боксер Флојд Мејведер, почна љубовна врска со атрактивната аргентинска танчерка Јасмин  Мендига, која е 20 – години помлада од славниот боксер, кој очигледно падна на нејзината убавина, шарм и сексапилност.

Неодамна, Флојд со приватен авион замина од Лас Вегас во Мексико,  во еден стриптиз бар, а токму таму се сретна со атрактивната актерка и танчерка од Аргентина. Боксерот веднаш штом ја видел „одлепил“ по неа, а среќата му се насмевнала кога убавицата побарала да се слика со него за спомен.

Флојд го искористил овој момент и успеал да го добие нејзиниот телефонски број, а кусо време потоа почнала и нивната љубовна авантура.

  • Бев заедно со пријателите, а кога го видов го прашав да за фотографија. Со него беше и телохранителот, но ми дозволи да му приидам и да се фотографирам со него. Остана да зборува со нас и да ни раскажува како се забавува во Мексико. Изгледаше многу пристојно и ми го побара телефонскиот број. Не помина многу време, тој ме побара и излегвоме. Сакам такви типови, изјави 22 – годишната убавица.

Мендога во 2016 година беше во шпанската верзија на реалнто шоу Биг Брадер, а сега работи како модел, актерка и танчерка во Мексико.