
Големиот талент од редовите на актуелниот шампион на Португалија, тимот на Бенфика, Флорентино Луис, ќе биде првата летна аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан.
Раководните лица на седумкратниот европски клупски шампион веќе неколку месеци се обидуваа да ги осигураат услугите на 20-годишниот играч за врска, а италијанските медиуми открија дека двата клуба се многу блиску до реализација на трансферот. Флорентино прво ќе биде позајмен, но Милан ќе мора да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.