Фудбалската репрезентација на Германија во следниот период ќе одигра пријателски натпревари против селекциите на Франција и Јапонија. Предводникот на популарните „панцири“, Хасни Флик, е сфесен дека навивачите не се задоволни од играта и од постигнатите резултати во изминатиот период, но селекторот ветува дека Германија ќе се врати на победничката патека.
- Позитивно сум расположен, имаме план и можам да ви ветам дека сме добро подготвени. Последните неколку недели бев да гледам многу играчи, со кои зборувавмее за иднината, за очекувањата и за нивната улога во репрезентацијата. Ова ми дава доверба дека тимот сфаќа што е потребно да се направи и тоа е секогаш најважното за моите фубалери. Дојде до точка на пресврт, сега почнува нова фаза. Сега ќе почнеме да играме со клучниот тим и ќе се кренеме, изјави Флик.