ФК „Вардар“ со ново фудбалско игралиште во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“

558

Во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“, фудбалскиот клуб „Вардар“ и навивачката група Комити добиваат ново фудбалско игралиште.

Од Општина Аеродром информираат дека е направена целосна реконструкција на соблекувалните, засадена е нова трева и поставен е нов систем за наводнување на тревата.

Поддршката за Комити и ФК „Вардар“ доаѓа на иницијатива на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и на претседателот на Советот на Општина Аеродорм, Дејан Митески и таа соработка ќе продолжи и понатаму, затоа што, како што вели Муцунски силен Вардар значи многу за македонскиот спорт и за младите фудбалски таленти кои ќе се градат и создаваат во иднина.

-Вардар е емоција, македонски спортски бренд со кој сите се гордееме, а ние со задоволство го поддржуваме – заклучи Муцунски.