ФИФА ги утврди датумите за Светското клупско првенство

47

Светската фудбалска федерација, ФИФА го објави логото на годинешното Светско клупско првенство кое ќе се игра во Доха, Катар, а ги обелодени и датумите во кои шампионските тимови од сите континенти ќе се борат за трофејот.

Светското клупско, 16-то по ред, ќе се игра од 11 до 21 декември. Сигурни учесници се Ливерпул (Европа), Есперанс (Африка), Монтереј (Средна и Северна Америка), Енген спорт (Океанија) и Ал Сад (домаќин). Останува двете праз

ни места да ги пополнат прваците на Азија и Јужна Америка.
За изгледот на амблемот, ФИФА објасни дека се бирале елементи од арапската азбука и традиционални детали кои се карактеристични за богатиот Катар. Топката која е врз пехарот има изглед на бисер.