Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци ќе работи во две смени

62

Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци од утре ќе работи во две смени, одлучи Државниот инспекторат за земјоделство врз основа на барањата на бизнис
заедницата за овозможување на брз и непречен извоз на земјоделски производи, што во овој период е особено важно за извозот на грозјето, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Согласно одлуката, првата смена на инспекцијата ќе биде од 8:00 до 16:00 часот, а втората од 18:00 до 24:00 часот. Во сабота и недела фитосанитарната инспекција ќе работи од 19:00 до 24:00 часот.

-Воведувањето на сменското работење на терминалот Кавадарци е уште еден показател за политиките на МЗШВ во делот на создавање на поволни услови за бизнис заедницата. Со воведувањето на втората смена се очекува надминување на административните бариери со кои се соочуваат правните субјекти што извезуваат грозје. Конкретно, ќе се овозможи брз, ефикасен и непречен извоз на горзје, што значи и заштеда во време и пари како бенефит за правните субјекти, порачуваат од МЗШВ.