Фирпо замена за Хернандез

55

Младинскиот репрезентативец на Шпанија од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Жуниор Фирпо, е најновата желба на раководните лица на италијанскиот калчолигаш Милан. Челниците на лидерот во италијанската Серија А се убедени дека Фирпо може на неколку натпревари да биде достојна замена за францускиот интернационалец Тео Хернандез и затоа во следните неколку дена ќе испратат официјална понуда за 6-месечна позајмица на Фирпо.