Фирма поврзана со сопругата на Макрадули добивала јавни тендери, за него не постои конфликт на интереси

98

Фирмата „Опен мајнд солушнс“ во која еден од сопствениците е Маја Трендафилова Макрадули, сопругата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули,  добила девет тендери вредни околу 90 илјади евра во периодот додека тој ја извршува функцијата во министерството за животна средина. Сопругата на Макрадули во фирмата има 25 отсто сопственички удел. Компанијата се бави со изработка и одржување на софтверски решенија.

– Не станува збор за судир на интерес, не сум прекршил никаков закон, некој што сака мене да ме оцрни злопотребува чесни луѓе кои работат 30 години, реагираше заменикот министер за животна средина Јани Макрадули на обвинувањата дека компанијата чиј еден од сопствениците е неговата сопруга добила девет договори за јавни набавки во последните година и пол во вредност од околу 90 илјади евра .

Демант стигна и од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која во март минатата година склучила договор со „Опен мајнд солушнс“ вреден 263 илјади денари.
„Потпишувањето на договорот со ’Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје’ е согласно Законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права. Воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата, туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“, се вели во реакцијата.

Комапнијата чиј еден од косопстевниците е сопругата на Макрадули двата најскапи тендери ги добила од Јавното претпријатие за државни патишта за Првентивно и адаптивно одржување на ЕРП софтвер во времетраење од две години.