Филм: „355“ – смртоносна мисија

42

Во градските кина македонската публика може да го погледне најновиот американски трилер – „355“ (The 355).

Во оваа акција, која е во режија на Сајмон Кинберг, улогите ги толкуваат Џесика Честајн, Пенелопе Круз, Дајан Кругер, Лупита Нуонго, Бингбинг Фан.

Во филмот, кога едно тајно оружје паѓа во погрешни раце, една бунтовна агентка на ЦИА се здружува со 3 меѓународни агентки за да го вратат оружјето назад каде што припаѓа. Додека се на оваа смртоносна мисија, имаат уште една закана – некој го демне секој нивен чекор…