„Ја сакам Тропоја“ е албанскиот филм, комедија кој македонската публика може да го види во градските кина.
Овој филм во режија на Ермал Мамади се фокусира на проблемите и драматичните ситуации кои се случуваат во градот Тропоја во северна Албанија. Едно момче со големи амбиции за својот живот, се надева дека наскоро ќе ја добие позицијата во компанијата за која работи, но тоа не се случува. Тој ненадејно се наоѓа на едно место во северот на Албанија, во градот Тропоја (градот на Марко Хоџа од филмот „Taken“), каде наизглед надежта умира. Со тек на време сфаќа дека животот во далечниот град не е тоа што тој мислел порано. Луѓето не се дивјаци и нема опасност по неговиот живот и ненадејно ја наоѓа љубовта на неговиот живот. После сѐ, навики се навики и провинцискиот менталитет станува пречка за парот. Дали љубовта ќе победи на крај?