Филм: „Убивајќи го Бога“- хорор комедија за чуден семеен одмор

75

На факултетот за ликовни уметности – Сули-ан утре (11 јули) во 21 часот ќе биде прикажан шпанско-францускиот филм, хорор комедија  „Убивајќи го Бога“ (2017), според сценариото и во режија на Каје Касас и Алберт Пинто.

Доаѓа крајот на светот, едно семејство го минува одморот заедно на чудна локација, во осамена куќа. Во самата куќа се појавува џуџе кое се претставува како Бог и ги предупредува членовите на семејството дека наредното утро само двајца од нив ќе преживеат, а другите ќе умрат. Семејството мора да избере кои двајца членови ќе продолжат да живеат…

Во филмот главните улоги ги толкуваат: Едуардо Антуња, Емилио Гавира, Ицијар Кастро…

Филмот е награден за најдобар странски филм на „Фантафестивалот“, најдобар филм на „Каталонскиот филмски фестивал“, а има добиено и награди за најдобра режија и женска улога во Буенос Аирес…