Филм: „Супердлабок“ – закана за човештвото

111

„Супердлабок“ е насловот на рускиот хорор-трилер кој македонската публика може да го погледне во градските кина.

Во него, дејството се одвива во 1987 година, кога на длабочина од 12.000 метри под површината на земјата се забележани чудни гласови кои звучат како врисоци од голем број на луѓе. Епидемиологот Ана Фјордова и специјална воена единица имаат задача да ја откријат причината за овие мистериозни случувања во научната станица која се наоѓа длабоко под површината на земјата. Тоа што ќе го пронајдат претставува закана за целото човештво, а судбината на светот сега е во нивните раце.

Режијата е на Арсениј Сушин, а улогите ги толкуваат Милена Радуловиќ, Сергеј Иванчук, Николај Ковбас.