ФИЛМ: “Соло“ – приказна за пијанист во психијатриска болница

67

“Соло“ е копродукција на Република Чешка, Франција, Аргентина и Австрија која македонската публика ќе може да ја види утревечер (26 август) со почеток во 23 часот во Куршумли ан, во рамките на Фестивалот за документарен филм Македокс.

“Мартин П. е млад аргентински виртуоз на пијано и композитор кој во последните четири години престојува во најпознатата, но и контроверзна, психијатриска болница во Латинска Америка.

„Чудото од дете“ и „невидениот талент на новата генерација“ сега се обидува да се излечи од психичката болест за да му се врати на стариот живот и повторно да засвири на сцената. Уникатен, а сепак универзален приказ на опсесијата со перфекционизам во творечкиот процес. Приказна што раскажува за еволуцијата на едно човечко суштество кое ја црпи својата сила од сопствената кршливост.

Режијата и сценариото на филмот се на Артемио Бенки, а музиката, пак, е на Перино Мартин.

Филмот е награден на Канскиот филмски фестивал, како и на “Докуфест“, Косово (2019).