Филм: “Соба за бегство“ – како да се најде излез

133

“Соба за бегство“ во режија на Адам Робител е американскиот научнофантастичен психолошки трилер, кој македонската публика веќе може да го види во градските кина.

Во него се прикажуваат шест странци кои се наоѓаат во опкружување кое е надвор од нивна контрола и мора да користат досетки за да ги решат загатките или ќе умрат. Ним им се дадени мистериозни црни кутии со влезници за во една извонредна соба со шанса да освојат многу пари. Затворени во неколку простории со екстремни услови, тие ги откриваат тајните во просторијата за бегство и мора да се борат за да преживеат и да изнајдат излез.

Улогите во овој напнат трилер ги толкуваат Дебора Ен Вол, Тајлер Лабине, Тејлор Расел.