Филм: “По стапките на мојот татко“- семејна авантура

57

На Факултет за ликовни уметности – Сули ан, утревечер (15 јули) во 21 часот ќе биде прикажан италијанскиот филм “По стапките на мојот татко“ (2016).

Поентата на овој авантуристички филм во режија на Марко Сегато е дека никогаш не е доцна за љубов.

Доменико е младо момче. Неговиот татко, Пјетро, има 50 години, но се чини дека е постар, изнемоштен од осаменост и вино; тој работи во каменоломот во сопственост на локален бескрупулозен претприемач. Односот помеѓу таткото и синот е суров и тежок; долгите тишини ги претвориле во двајца странци. Веќе извесно време, мечка му се заканува на селото. Една ноќ, во пабот, Пјетро го предизвикува претприемачот: тој да ја убие мечката во замена за пари. Следниот ден, во мугрите, тргнува кон шумата. Доменико одлучува да го следи. Таткото и синот се втурнуваат во шумата, подлабоко и подлабоко. Малку по малку, тие ќе се зближат и ѕидот, кој ги раздвојувал, ќе се распарчи во природата.

Главните улоги ги толкуваат Мирко Артузо, Лучија Маскино, Леонардо Масон…

Филмот има добиено италијански Златен глобус за кинематографија, номинација за наградата „Давид ди Донатело“ за најдобар млад режисер.