Филм: „Нож во грб“ – сите се осомничени за убиство

53

„Нож во грб“ е насловот на американската криминалистичка драма која македонската публика може да ја види во градските кина.

Со импресивната актерска екипа составена од Даниел Крег, Тони Колет, Џејми Ли Кертис, Крис Еванс, Кетрин Ленгфорд, Кристофер Пламер, Дон Џонсон, а режиран од Рајан Џонсон, овој филм ѝ оддава почит на Агата Кристи.

Ова е забавен, современ крими филм каде сите се осомничени за убиство. Во него, кога познатиот новелист Харлан Тромби е пронајден мртов кратко по својот 85-ти роденден, детективот Беноа Бланк (Даниел Крег) е назначен да ја истражува неговата смрт. Од дисфункционалното семејство на Харлан, до неговиот посветен персонал, Бланк открива семејни тајни за да ја разоткрие вистината зад сомнителната смрт на Харлан.