Филм: „Не си играј со оган“ – кога чуваш деца

89

„Не си играј со оган“ е американската комедија во режија на Енди Фикман која македонската публика може да ја види во градските кина.

Во неа, кога надзорникот од пожарната бригада и неговиот елитен тим на искусни пожарникари се обидуваат да спасат три деца од шумски пожар, тие сфаќаат дека ниеден тренинг не ги подготвил за најтешката работа до сега – чување деца. Не успеваат да ги најдат родителите на децата, па така нивните животи, нивните работни места па дури и целата пожарникарска станица се превртуваат наопаку кога ќе научат дека децата, слично како и пожарите, се диви и непредвидливи…

Улогите ги толкуваат Џон Кена, Џуди Грир, Бриана Хилдебренд, Џон Легузамо, Киган-Мајкл Кеј.