Филм: “Маската“ – наркоприказна

87

“Маската“ (The Mule) е насловот на американскиот филм во режија на холивудската актерска легенда Клинт Иствуд, а кој наскоро македонската публиката ќе може да го види во градските кина.

Оваа криминалистичка драма ја следи приказната за 90-годишниот ветеран кој е фатен при транспорт на кокаин во вредност од 3 милиони долари преку Мичиген за еден мексикански наркокартел.

Во филмот, главната улога ја толкува режисерот Клинт Иствуд, а заедно со него настапува и ѕвездена екипа од холивудски актери како Бредли Купер, Таиса Фармига, Мајкл Пења, Енди Гарсија, Лоренс Фишбурн, Мени Монтана…