Филм: „Како шефица“ – за издржливоста на пријателството

52

„Како шефица“ е американскиот филм во режија на Мигуел Артета кој македонската публика може да го види во градските кина.

Во оваа комедија, најдобрите другарки Миа и Мел го живеат својот најдобар живот – претседателки се на својата компанија за козметички производи кои сами ја изградиле. Но, финансиски не им оди баш најдобро, па мораат да ја прифатат понудата од Клер Луна, могул во светот на козметиката. Понудата која тешко можат да ја одбијат ќе ја тестира издржливоста на пријателството на Миа и Мел…

Улогите ги толкуваат Селма Хаек, Роуз Бирн и Тифани Хадиш./н.и.т