Филм: „Жал ни е што ве пропуштивме“ – тешка битка

91

„Жал ни е што ве пропуштивме“ е белгиско-француско-британската драма која македонската публика може да ја види во градските кина.

Во неа Рики и неговото семејство водат тешка битка со долгови уште од финансиската криза во 2008 година. Тие добиваат шанса да се ослободат од долговите кога Рик ќе се вработи како доставувач. Како и работата на сопругата, негователка, работата е тешка. Семејната врска е силна се до моментот кога професионалните патишта ќе им се разидат, а тогаш доаѓа до распад.

Режијата е на Кен Лоач, а улогите ги толкуваат Крис Хичен, Деби Ханивуд, Рис Стон, Кејти Проктор, Рос Брустер.