Филм: „Дождлив ден во Њујорк“ – виден од аспект на Вуди Ален

69

„Дождлив ден во Њујорк“ е новата романтична комедија на познатиот режисер Вуди Ален која скопската публика може да ја види во киното Милениум утревечер (13 ноември) од 20 часот, а во рамки на Гала програмата на 18. Меѓународен фестивал на европски филм Синедејс.

Филмот ја раскажува приказната за двајца студенти, Гетсби и Ешли, чијшто викенд во Њујорк воопшто нема да се одвива според планот. Дождот ќе подготви низа неочекувани средби и забавни авантури за обајцата.

Улогите ги толкуваат Тимоти Чаламе, Ели Фанинг, Селена Гомез, Џад Ло, Чери Џонс, Диего Луна, Ребека Хил, Вил Роџерс.