Филмски хит на повидок: Лејди Гага како Харли Квин во новото продолжение на „Џокер“/ВИДЕО

167

Лејди Гага на својот Инстаграм објави видео со кое го потврди учеството во продолжението на филмот „Џокер“ каде ќе ја игра Харли Квин.

Новата продукција со Хоакин Феникс во насловната улога ќе се вика „Joker: Folie à Deux“, а премиерата треба да биде прикажана на 4 октомври 2024 година.

Лејди Гага објави видео во кое го најавува филмот, каде што може да се видат силуети на Харли и Џокер како танцуваат на музика.

Во претходните инкарнации, Џокер имаше турбулентен однос со Харли Квин, негова докторка од психијатриската институција Аркам, која се заљубува во него и учествува во неговите злосторства.

Харли, која ќе ја игра Лејди Гага, е во сосема поинаков универзум на DC од оној што го игра Марго Роби во „The Unwritten Squad“ и други филмови.

Режисерот Тод Филипс, чиј прв дел од сагата за еден од најшарените непријатели на Бетмен заработи преку милијарда долари во кината и му донесе Оскар за главна машка улога на Хоакин Феникс, овој пат наводно подготвува мјузикл, а сценариото го напиша заедно со Скот Силвер.

Лејди Гага веќе успешно соработуваше со Филипс во филмот „A Star is Born“ кој исто така беше во негова продукција, пишува CdM.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)