„Нешто слатко“ – романтичната комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од денеска ќе се прикажува и во киносалите низ Македонија. Од премиерната проекција во мај 2023 година досега, во киносалите и на отворено (летни кина) беше прикажан пред повеќе од 7.000 задоволни гледачи.

Главниот дистрибутер во Македонија, „Процес К продукција“, им овозможи на гледачите да ја гледаат проекцијата на филмот во следниве градови и термини: Пробиштип – Дом на културата „Злетовски рудар“ на 22 септември, Демир Хисар – Дом на културата „Илинден“ (22.9.), Прилеп – Дом на културата „Марко Цепенков“ (25 и 26.9.), Свети Николе – Дом на културата „Крсте Мисирков“ (28.9.), Кичево – Дом на културата „Кочо рацин“ (28.9.), Кратово – Дом на културата „Лазар Софијанов“ (30.9.), Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен), Охрид – Центар за култура „Григор Прличев“ (4 и 5.10.), Кавадарци – Дом на културата „Иван Мазов“ во првата половина од октомври, Богданци – Дом на културата „Бранд Петрушев“ во првата половина на октомври, Валандово – Дом на културата „25 Мај“, исто така кон првата половина на октомври и во Крива Паланка – Центар за култура, по 10 октомври, а наскоро и во кино „Милениум“, Скопје, кон крајот на септември и октомври.

Филмот е прикажан и во „Cineplexx MK“, Кино 3D Битола, Домот на младите во Штип и Паркинг-киното – Битола, како и на неколку фестивали.