Филипче, Шилегов и Царовска во посета на првороденото бебе/Фото

126

Министерот за здравство Венко Филипче, го посети првороденото бебе Ведран на Клиниката за гинекологија и му посака да биде здрав и жив, но, и како што рече, редовно да се вакцинира.

Заедно со Филипче во посета родилката Александра Ангеловска, дојдоа и Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Мајката од Министерството за труд доби златник, а од Град Скопје штедна книшка со 20.000 денари, кадифено мече и бонбониера.

-Би сакала сите да добијат ваков подарок како мене. Се чувствувам прекрасно. Не очекував дека ќе се породам веднаш по Нова Година, но се надевав и ми се исполни тоа. Породувањето помина во најдобар ред, изјави мајката на Ведран, Александра Ангеловска.