Филипче: Тогаш кога бројот на заболени ќе се намалува ќе се планираат други активности, како избори

58

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција зборувајќи за тоа кога се планира да се одржуваат избори, рече дека дури тогаш кога ќе може со сигурност да се каже дека бројот на заболени се намалува, дека дефинитивно станува фактор во трансмисија под единица, како што е сега просекот на ниво на цела држава, ќе може да се планираат и други активности.

Во овој момент се уште не сме разговарале во рамки на активностите, состаноците на Комисијата за заразни болести во врска со спроведувањето на изборите,нагласи Филипче.

Тој рече дека се внимателни во анализата на новите пациенти, внимателни во новодијагностицираните пациенти, внимателни во тоа да на некаде постои скриен кластер на заболени.

Сметам дека ако нема таква работа и трендот се задржи и во следните денови сигурно во овој период од месец, два, летните месеци, ќе бидеме во една ситуација во која што доколку граѓаните коректно се придржуваат до мерките – носење на заштитните маски, тоа е една од најбитните работи во спречувањето на трансмисијата на болеста, односно на вирусот, епидемијата ќе ја држиме под контрола, истакна министерот.

Филипче наведе дека активно ја следат ситуацијата, ги анализираат случаите секојдневно и така ќе продолжат.