Филипче: Македонија ги живее последните недели од епидемијата со ковид-19, но границите внимателно ќе се отвораат

Рестриктивните мерки и полицискиот час ги дадоа очекуваните резултати. За 10 пати е намален бројот на заболени од ковид-19 во споредба од пред еден месец, што покажува дека епидемијата е под контрола. Според министерот за здравство Венко  Филипче дека епидемијата се смирува покажува бројот на новозаболени пациенти, бројот на пациенти во болниците, бројот на пациенти со тешка клиничка слика и оние кои се на респиратори, бројот на слободни кревети во болниците, бројот на починати лица.

142

Рестриктивните мерки и вонредната состојба ги дадоа  посакуваните ефекти. Бројот на заразени е драстично намален и епидемијата веќе не се шири. Според министерот за здравство Венко Филипче сега сме во фаза кога ги гледаме добрите ефекти на силните рестриктивни мерки, кога имаме затворени градинки, школи и граници и има мирен период.

Тој потенцира дека  треба да сме свесни дека вирусот нема да исчезне подолг период. Филипче реално очекува состојбата да се смени дури кога ќе има вакцина и кога ќе се стекне колективен имунитет

-За 10 пати е намален бројот на заболени од ковид-19 во споредба од пред еден месец, што покажува дека епидемијата е под контрола- вели  Филипче и дополни дека  се реализираат предвидувањата на Комисијата за заразни болести, а тоа според него е резултат на доследно спроведување на препораките на оваа комисија која ги доставува до Владата.

Констатацијата дека епидемијата се смирува е според бројот на новозаболени пациенти, бројот на пациенти во болниците, броотј на пациенти со тешка клиничка слика и на респиратори, бројот на слободни кревети во болниците, бројот на починати лица.

Министерот нагласува дека токму овие фактори се  значајно подобри ако се споредат на почеток на епидемијата.

-Сега сме во  во последните недели на траење на респираторните епидемии, кога имаме затворени градинки, школи и граници и има мирен период. Но треба да сме свесни дека вирусот нема да исчезне во долг период и сликата ќе се смени дури кога ќе има вакцина и потоа до стекнување колективен имунитет. Пред нас е период кога треба да живееме со вирусот – вели Филипче и дополни дека  влошување може да се очекува со отворање на границите.

Министерот смета дека нема да бидеме така комотни  кога ќе почнат патувањата надвор, но и враќањето на наши државјани и влез на странци. Особено промени ќе има вели Филипче, како ќе почне  школската година, како и во доцната есен  кога ќе почнат епидемиите од сезонски грип.

 Сè уште не е донесена одлука за отворање на градинките

Министерот Филипче кажа дека скринингот во градинките е почнат, но додека не се сигурни дека вработените се негативни на брисевите, нема да се носи одлука истите да се отворат.

-Почнува скринингот во градинките, направени се  финалните подготовки за да се знае кои ќе бидат тестирани – вели министерот  и дополнува дека отворањето на градинките уште претставува ризик, затоа што станува збор за сензитивна група, односно за малите деца.

Според него не е доволен само брис податок за вработените туку и многу други податоци во однос на околината, семејството, условите и контактите во кои живеат тие. Скринигот ќе трае десетина дена

Значи нема да им биде земен само брис туку ќе се направи соодветна епидемиолошка анкета, ќе се откријат асимптоматските носители и тоа е целта во сите ризични групи кои сега ги таргетираме во смисла на ваков пристап со таргетиран скрининг. Ризик постои и откако би се отвориле градинките, и свесни сме за тоа меѓутоа станува збор за исклучително сензитивна група, за малите деца и сметам дека оттука треба да се почне и сепак ќе добиеме некои податоци, рече Филипче и дополни дека  градинките мора да се отворат во исто време за да се вратат граѓаните на работа.

Функционерите ќе патуваат само за состаноци за регионално координирање на мерките

Одлуката да се дозволи посета на функционери на соседните земји не значи да се дозволи кој било функционер да може да патува, туку таа се однесува само за регионални состаноци за координирање активности и мерки во однос на олабавувањето на мерките. Како што појаснува  министерот Филипче станува збор за организирани состаноци со причина да се координираат токму овие активности во однос на олабавувањето на мерките, а за што треба регионален пристап.

– Сите посети се одвиваат во согласност со протоколот, што за такви посети го донесе и Комисијата за заразни болести. Не станува збор да му се дозволи на кој било функционери да може да патува, туку само за вакви состаноци заради што веќе се најавени средби со ваков повод, изјави Филипче.

Министерот укажа дека Европската комисија излезе со пакет мерки за патување во ЕУ и во согласност со препораките за координирано дејствување, тој вчера попладне замина на состанок со министерот за здравство на Грција.

– На средбата ќе размениме искуства за досегашното менаџирање на кризата, кои треба да помогнат во понатамошната битка со вирусот. Подготовките на здравствениот систем за следниот период, кога се очекуваат нови пикови, и најбитно од сè, за координација во однос на отворање на границите и аеродромите, изјави Филипче.

 Како ќе се патува во соседните земји ќе се знае идната недела 

Патувањата во соседните земји ќе се координираат за да бидат унифицирани. Како што појасни министерот Филипче во врска со тоа прашање постојат различни ставови и национални политики кои е потребно да се координираат.

– Од една страна некои земји бараат тестирање пред патување, други најавија дека нема да бараат. Ние за таа цел посебно, имајќи предвид дека може да бидеме многу оптоварени со патници кои транзитираат, но и наши граѓани кои сакаат да патуваат, вклучително и странци, во таа смисла ќе размислуваме и за алтернатива за карантините, доколку се одлучи на таква работа, изјави Филипче.

Времето кога тоа ќе започне, посочи тој, ќе произлезе токму од овие состаноци.

– Да имаме барем на ниво на регионот еден унифициран пристап, за да нема збрка и да не се бара една работа во една држава, па за друга во транзит нешто сосема друго, или на крајната дестинација повторно некое трето барање. Во таа смисла се координативните состаноци и верувам дека повеќе информации ќе имаме во текот на следната недела, изјави Филипче.

Нови 29 случаи на ковид-19,а оздравени уште 6 пациенти

Институтот за јавно здравје регистрира  до вчера до 13 часот регистрира уште  6 оздравени пациенти и тоа во Штип 1,Велес 3, Гостивар 1 и  Кочани 1.

Вкупната бројка на ковид-19  дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1.235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393 пациенти.

Во последните  24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2.

Досега во земјата   направени се  вкупно 20.088 тестирања на КОВИД-19.

(В.Ма.)