Фигурите на Меган Маркл и принцот Хари во музејот „Мадам Тисо“ одвоени од кралското семејство

125

Лондонскиот музеј „Мадам Тисо“ многу брзо реагираше на одлуката на принцот Хари и Меган Маркл за повлекување од кралските должности.

Имено, персоналот во музејот ги преместил фигурите на војводата и војвотката во друг дел, подалеку од поставата на кралското семејство, односно од кралицата Елизабета II, принцот Филип, принцот Чарлс, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Претходно, во средата Меган и Хари објавија дека планираат повеќе време да поминуваат во Северна Америка и дека ќе станат финансиски независни.