Фејсбук го менува името?

691

Социјалната мрежа Фејсбук следната недела би можела да го смени називот како дел од ребрендирањето на компанијата, пренесуваат британските медиуми повикувајќи се на добро упатени извори.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукемберг планира да разговара за промена на името на годишната конференција на компанијата Connect, закажана за 28 октомври. Но, новото име на најпопуларната социјала мрежа може да протече во јавноста и порано, се наведува во текстот објавен на технолошкиот блог Verde, пренесува The Guardian.

Слично се ребрендира и Google под компанијаат Alphabet и се претпоставува дека ребрендот може да ја постави Фејсбук апликацијата за социјални мреѓи како еден од многуте производи во рамките на матичната компанија која ќе управува со другите мрежи како Instagram, WhatsApp, Oculus и други, се наведува во објавата.

Од Фејсбук за The Guardian кратко изјавиле дека „компанијата не коментира шпекулации и нагаќања“.

Весникот потсетува дека Facebook, WhatsApp и Instagram пред извесно време беа надвор од функција на неколку часа поради рутинско одржување, а тоа резултираше со пореметување во работата на услугите на Фејсбук, вклучително и интерните комуникации и сигурносните услуги.