Фетел и Хамилтон се минато, јас и Леклер сме новите шампиони во Ф1

30

Кога и да отвори уста Макс Верстапен мора да предизвика низа контроверзи. Така беше и овој пат, откако еден од најдобрите пилоти во Формула 1 истакна дека неговите дуели со Чарлс Леклер ќе ја одбележат иднината во најбрзиот циркус на денешнацата, односно дека времето на Луис Хамилтон и Себастијан Фетел полека заминува.

Пилотот на Ред Бул оваа сезона ќе се обиде да стане најмладиот шампион во историјата на Формула 1, а истото го посакува и неговиот врсник Леклер, кој оваа сезона ќе вози за тимот на Ферари, на местото на Кими Раиконен.

  • Верувам дека јас и Леклер ќе бидеме како Луис Хамилтон и Себастијан Фетел во иднина, бидејќи ќе дојде времето кога тие ќе кажат збогум на овој спорт, изјави Верстапен за престижниот италијански весник „Газета дело Спорт“, па додаде:
  • Можев да се борам за титулата во својата прва сезона во Формула 1 ако имав на располагање конкурентен болид. Најважна работа во овој спорт е да имаш брз болид, а потоа се останато се надоградува. Можеби токму Леклер ќе го покаже тоа што го говорам и ќе успее да дојде до наслов оваа сезона, истакна Верстапен.

Од тимот на Ред Бул повторно му порачаа на Фетел, на кого му истекува договорот на крајот од сезоната, дека повеќе не е добредојден во редовите на „биковите“ се додека во тимот е Холанѓанецот.

  • Тоа би била одлична комбинација да ги гледаме нивните квалитети, но тоа не е паметно да се направи. Ни требаат два возачи кои би можеле да го извадат максимумот еден од друг, а меѓусебно да не се расправаат. Со Даниел Рикардо го имавме тој проблем, но не сум сигурен дека Фетел и Верстапен би биле добар двоец, смета првиот човек на тимот, Хелмут Марко.