Фестивалот „Skopje Calling” презакажан за 12 септември

12

Фестивалот „Skopje Calling” поради актуелната состојба со коронавирусот е презакажан за 12 септември. „Авалон продукција”, кој е организатор на фестивалот, соопшти дека локацијата не се менува, односно останува стадионот на АРМ.

„Vini Vici, Mahmut Orhan, Kiril Djaikovski и Cyrillic, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје. Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот“, велат од „Авалон продукција”. На сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот, ќе им бидат важечки и за новиот датум.