Фери на своја кожа сфати дека нема шега со Катарците

62
epa02509450 Serial soccer pitch-invader Mario Ferri (C), nicknamed 'falco' (the falcon) or Superman, is arrested for breaking his house arrest upon arriving at Rome's Fiumicino airport from Doha, in Rome, Italy, 29 December 29 2010. The 23-year-old from Montesilvano near Pescara is a big fan of Antonio Cassano's and has staged a number of pitch invasions during Italian National team matches. His last stunt was the pitch invasion he staged on December 18 during Inter Milan's victory over DR Congo's Mazembe in the Club World Cup final in Abu Dhabi. EPA/TELENEWS

Марио Фери, човекот кој на кратко го прекина натпреварот помеѓу репрезентациите на Португалија и Уругвај, истрча на зелениот терен со знаме кое беше со боите на виножитото, откако беше пуштен од затвор на своја кожа дозна колку се ригорозни законите во Катар.

Во првиот полициски записник кој беше објавен од локалните власти пишува дека после краткото задржување на неодреденото место, лицето било пуштено на слобода од страна на властите без никакви последици, но целата таа ситуација има сосема поинаков крај.

Откако е пуштен од затвор, Фери веднаш е депортиран од Катар и за него заврши СП 2022.

Италијанецот се фалеше дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, го спасил од подолг затворски престој, но неколку часа подоцна, Фери со своите куфери го чекаше авионскиот лет.

  • Имав навистина тешка ноќ, но не бев во затвор, бев во полициска станица. Се изненадив кога го видов Инфантино, дојде во четири часот по полноќ за да ми помогне. Тогаш првпат се запознавме, но јасно беше дека веќе знаел за мене. Влезе внатре и ми кажа: „Повторно ти, зошто? Катар за тебе е многу опасно место“. Му кажав дека тоа го направив затоа што сакав да испратам неколку важни пораки. Сакам да истрчам на теренот за време на важните натпревари. Тоа го правам со добра намера и секогаш имам позитивни пораки, изјави Фери.