Фердинанд ја одржува формата кај Кејт

27

Поранешниот фудбалер на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, одлучи да отпатува во Дубаи на романтичен одмор, а неговата понежна половина Кејт Врајт се обидува на секој начин да му го направи патувањето незаборавно.

Вљубениот пар ужива во топлата средина, далеку од англиските дождови. Рио несомнено одлично ја одржува својата фигура, но погледите ги привлекува неговата девојка со својот совршен изглед. Двојката е заедно од декември минатата година, а поранешниот дефанзивец на Англија во едно интервју истакна дека е навистина среќен што Кејт е покрај него.

 

 

 

 

 

Имено, претходно неговата сопруга Ребека почина во мај 2015 година, по кусата борба против рак, а од истата болест умре и неговата мајка Јанис во јули годинава.