Шарл Леклер е голем адут на Ферари во борбата за шампионската титула и тимот мора да направи сé за да ја стави целосната ситуација под контрола, вклучително и односот со вториот возач на тимот, Карлос Саинц. Вака гласи ставот на поранешниот Формула 1 возач, Маркус Ериксон, кој добро го познава Шарл, од денот кога заедно ги возеа болидите на Заубер.

За време на претсезонските тестови беше јасно дека Ферари ќе биде еден од најсилните тимови оваа година, но на првите трки стана јасно дека болидот на Ред бул одлично се снаоѓа и има најголема брзина на правците.

Сепак, разликата со Ферари не е преголема, па Кристијан Хорнер неодамна изјави дека Ред бул и Скудерија ќе ги поделат победите во зависност од тоа на која патека се.

Сепак, Ериксон очекува посилна акција од Ферари во однос на статусот на Леклер како прв возач, иако поминаа само пет трки од почетокот на сезоната, а Матија Биното редовно наведува дека двајцата негови возачи продолжуваат да се натпреваруваат со ист статус.

Маркус е на мислење дека Саинц сé повеќе ја прифаќа идејата дека во наредните месеци Леклер ќе биде неприкосновен број 1 во Ферари и дека сите ќе мора да му помогнат.

  • Гледаме дека Карлос се обидува да биде пред Шарл, но не може да го направи тоа. Мислам дека секогаш е добро тимот да знае кој е лидер. Макс Верстапен и Луис Хамилтон се лидери во своите тимови во последните неколку сезони. Мислам дека Ферари многу брзо ќе му ја пренесе целата своја поддршка на Леклер, бидејќи ни претстојат многу важни трки – истакна Швеѓанецот.