Феномен над небото во Индија: „Торнадо“ од илјадници птици/ВИДЕО

207
Фасцинантна глетка е снимена на небото над државата Гуџарат во Индија, а како што објаснуваат експертите, оваа појава во орнитологијата се нарекува мурмурација.

Станува збор за „роење“ на јато птици што всушност е природен феномен, каде што јатото тргнува едноставно, а во еден момент се раздвојува, се превртува и создава бранови на небото.

Јатото може да содржи над 10 илјади единки, а сè уште не е целосно разјаснето поради што доаѓа до мурмурација.

Некои од експертите сметаат дека тоа е начин на одбрана од предаторите, додека пак други сметаат дека тоа е своевиден начин на задржување на енергијата.