Фенер загриза за Фабрегас

81

Турскиот гигант Фенербахче, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Сеск Фабрегас. Искусниот играч за врска веќе не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и потврди дека сака да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и поради таа причина Челзи сака да го продаде веќе во јануари. Понудата за неговото обештетување не смее да биде помала од 10 мил. евра, а интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан.