Фенербахче не ја дава титулата

13

Турскиот кошаркарски гигант, екипата на Фенербахче, ја одбрани титулата до домашното првенство, откако во петиот натпревар од финалната серија во плејофот слаеа над Тофаш со 94:64.

Со оваа победа и вкупен резултат 4-1, Фенербахче ја однесе третата последователна и вкупно деветта титула во турското првенство.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ахмет Дувериоглу со 19 поени и 9 скока, додека Бред Вонамејкер, кој беше избран за МВП во финалната серија, додаде уште 11 поени.