Феликс проценет на 100 мил. фунти

12

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на големиот талент од редовите на португалскиот гигант, Јоао Феликс.

Благодарение на одличните игри во домашниот шампионат, 19-годишниот офанзивен играч за врска го привлече вниманието на европските гиганти.

Неофицијално, “црвените ѓаволи” се подготвени да одвојат околу 100 мил. фунти за обештетувањето на Феликс кој важи за голема желба и на раководните лица на Јувентус, Барселона и Реал (М).