Федерер преку Надал до финалето со Ѓоковиќ

40

Заврши и вториот полуфинале дуел на отвореното првенство на Англија, Вимблдон, меѓу тениските великани Роџер Федерер и Рафаел Надал, на кое славеше Швајцарецот.

Федерер го порази Надал со 3: 1 во сетови, или 7:6, 1:6, 6:3 и 6:4, во гемови, со што му се отвора можност повторно да се бори за трофејот.

Денешниот меч беше 40-ти меѓусебен дуел на најголемите тениски ривали, а со победата која му припадна на Швајцарецот, Федерер успеа да ја ублажи разликата во меѓусебни дуели против Шпанецот, кој сега е 24 : 16 во полза на Надал.

Инаку, на финалето на Вимблдон кое ќе се игра во недела се очекува уште поспектакуларен дуел во кој противник на Федерер ќе му биде првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ.