Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, неделава ќе и стави точка на својата богата кариера, а веќе има планови за иднината. Познато е дека по играчката кариера нема целосно да се оддалечи од спортот, но нема сомнеж дека поголемиот дел од годината ќе го помине во импресивната куќа која се наоѓа на брегот на Циришкото езеро.

Познатиот швајцарски тенисер платил околу 45 милиони евра само за парцелата од 1,6 хектари на која моментално се гради вилата. Идниот дом на семејството Федерер се наоѓа во општината Раперсвил-Јона, западно од Цирих. Според пописот од 2008 година, ова место има нешто повеќе од 25.000 жители, па нема сомнеж дека ќе претставува вистинска оаза на мирот за Роже, Мирка и нивните наследници.

Засега не се знае кога ќе заврши изградбата на новиот дом во кој ќе биде сместен комплексот тениски игралишта. Причина за ова е прекинот на работата што се случи минатата година, а кој беше резултат на протестите на жителите кои живеат во околината. Инвазијата на богатите Швајцарци на северниот дел на Циришкото езеро ја загрози природата околу езерото, а има и такви кои „присвоија“ дел од брегот и го прогласија за приватна сопственост.

На загаденоста на езерото се пожалија и бројни еколошки организации, а на населението му пречи напливот на туристи кои дојдоа на ова место за да имаат можност да видат некои од познатите личности. Така им беше нарушен мирот, а нема дилема дека Федерер ќе може да се спаси од проблемите кои го мачат просечниот жител на овој приморски град со изградба на комплекс.