Британскиот тенисер Енди Мареј е еден од низата личности во светот на тенисот кои деновиве зборуваа за Новак Ѓоковиќ. Како да е договорено секој во истиот момент да каже што мисли. Најголемо внимание привлекоа зборовите на Рафаел Надал, додека Новак беше критикуван и пофален.
Британецот, некогаш број еден, а сега 41. тенисер во светот, истакна дека Ѓоковиќ и денес прави големи работи.
-Она што Новак го постигна на САД Опен и во текот на целата година е неверојатно, тоа што тој сè уште го прави физички на 36 години е многу импресивно, рече Мареј.
За разлика од Надал, Мареј упорноста и желбата за победа на најголемите турнири на Србинот ја претстави како голема работа, а направи разлика меѓу членовите на „големата тројка“.
„Мотивацијата и желбата што ги носи се навистина неверојатни, брилијантни.“
Надал неодамна за време на гостувањето на една телевизија проговори за мотивацијата на српскиот тенисер.
-Мислам дека Ѓоковиќ малку поемотивно ја доживеа таа грен слем приказна. За него би било голема фрустрација доколку не го постигне тој рекорд“, изјави Шпанецот.