Федерер е како балерина, грациозен и полн со сила

86

Најстариот грен слем турнир Вимблдон, е во самата завршница, а место во полуфиналињата од „неофицијалното светско првенство“ обезбедија и оние кои се најтрофејни во историјата на овој турнир, Серена Вилијамс и Роже Федерер. И двајцата веќе се над 35 години, а Серена не крие дека Федерер и служи како инспирација за да продолжи со кариерата.

-Секогаш се воодушевувам кога го гледам. Искрено, најмногу ме шокира колку е продуктивен, на секој натпревар има најмалку по еден магичен потег. Се чудам на брзината на неговите удари, но и на грациозноста. Федерер е како балерина, тотално грациозен, но исто така и полн со сила. Кога е на теренот делува како воопшто да не вложува напор, што е неверојатно за секој што се занимава со нашиот спорт – истакна Серена Вилијамс.

Серена веќе обезбеди финале на Вимблдон и денеска ќе ги одмери силите со Романката Симона Халеп. За Американкара ова е 11. финале на турнирот во Лондон, додека Халеп за прв пат ќе игра за титулата на овој турнир.