Федерер доминантно до трофејот во Шангај

16

Швајцарскиот тенисер, Роже Федерер ја освои титулата на мастерс турнирот во Шангај, откако во финалето го совлада првиот светски рекет, Шпанецот Рафаел Надал, со 6:4, 6:3.

Популарниот Федекс уште еднаш покажа дека годините не му претставуваат никаков проблем и со својот одличен настап на турнирот во Кина дојде до 94. трофеј во кариерата. Ова воедно е шести пехар за него во 2017 година.

На овој начин е прекината серијата на Шпанецот од 16 победи во низа, за кого и понатаму останува неосвоива тврдина турнирот во Шангај.

Ова беше петта победа за Федерер во тениското „класико“, што е најдолга низа која ја имал во ривалството против Рафа. Тој сега води во меѓусебните дуело со 23:14. Годинава Швајцарецот славеше против Шпанецот на Австралија опен, Мајами и Индијан Велс.