ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

50

Управата за храна и лекови на САД (ФДА) денеска ги одобри за употреба новите засилувачки вакцини на Фајзер и Модерна за ревакцинација од Ковид-19, способни за заштитат од сојот Омикрон БА.4 и БА.5.

ФДА одобри вакцините да се примаат не порано од два месеца по последната вакцинација. Период што е пократок од претходно препорачаните интервали.

Обновената вакцина на Модерна е одобрена за лицата постари од 18 години, додека на Фајзер ќе биде  достапна за лицата на 12 години возраст, се наведува во соопштението на ФДА.

– Затоа што доаѓа есен и се повеќе време поминуваме во затворени простории, препорачуваме сите кои се во тие категории да ја разгледаат можноста за примање на дополнителна доза на вакцина, за да се обезбеди подобра заштита од актуелните се уште циркулирачки соеви, изјави претставникот на ФДА, Роберт Калиф.