Студија спроведена на повеќе од 19 000 тинејџери и возрасни во Велика Британија дава неколку од првите убедливи докази дека и двете дози на вакцината Фајзер се навистина потребни за да се добие добра заштита од делта сојот.

– Јасно е колку е важна втората доза за да се обезбеди најсилна можна заштита од ковид и неговите варијанти – рече британскиот министер за здравство и социјална помош, пишува businessinsider.com.

Пациентите кои биле вакцинирани со двете дози од вакцината на Фајзер, по две недели, биле заштитени со околу 88 проценти од делта сојот.

АстраЗенека обезбедува околу 67 проценти заштита.