Ѓ.К. (31) од Велес е приведен денеска околу 10 часот под сомневање дека вчера пред црквата „Св.Спас”, кај Градските гробишта во Велес, го одзел пиштолот на полицаецот Е.М. (46) и испукал четири куршуми во него.
Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица. Ранетиот полицаец е надвор од животна опасност.
По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.