Турскиот актер Бурак Озџевит, најпознат по улогата на Бали-бег, и неговата сопруга Фахрије Евџен, пред малку помалку од една година станаа родители на синчето Каран, но во меѓувреме актерот западна во проблеми со криминалци поради луксузната вила што ја купи во близина на Истанбул.

Проблемот настанал кога Бурак дознал дека уште некој е заинтересиран за тој имот и дека цената не му е важна. Бидејќи актерот прв дал капар, вториот купувач останал без куќата.

Набргу се дознало дека вториот заинтересиран е припадник на криминалното милје и дека не му се допаднало што останал без вилата што по секоја цена сакал да ја купи.

Наводно, на актерот му се заканиле дека ќе зажали што ја купил куќата. Во почетокот Бурак не го сфаќал ова сериозно, но се премислил кога криминалците почнале да зборуваат дека ќе му го киднапираат синот. Тогаш се јавил во надлежните служби.

Засега, додека да се решат работите, изнајмил обезбедување без кое не излегуваат од дома, а целиот стрес повторно го доведе Бурак до психијатар.